- 01. Сениште
Под ова небо железно ќе се претвориш во сениште
без дом и без сон, ќе бидеш мртва без да дознаеш.
Под ова небо железно,никогаш нема да се сретнеме.
Јас сум оној што никогаш нема да заспие.
На само чекор одовде чека божица, да ме одведе.
Таа го знае патот до мене.
Сениште, сега си само сениште.
- 04. Дно
Очи бистри, очи паметни,
дали е ова свет кој ве радува?
Немам зборови да ви опишам
што чувтвувам.
Не знаев како да дојдам до тебе,
се има сега друго значење.
Се што помислив, се што посакав,
се заборавив.
- 05. Чудесен свет
I need a friend , oh , I need a friend
to make me happy
not standing on my own
Look at me standing , here , on my own again
Up , straight in the sunshine
No need to run and hide
Its a wonderful , wonderful life !
Излези, ќе видиш повторно:
- 06. Човек без име и презиме
Погледнав зад себе, таму нема ништо мое.
Немам веќе дом и немам кому да се вратам.
Погледнав пред себе, видов океан од солзи,
морав, морав да заборавам.
После сите овие години
се будиш во свет кој нема минато,
свет кој нема иднина.
Ти си човек кој ќе згасне
- 09. Милион долари
Зар веруваш во мене?
Јас сум привид што ги нуди
сите можни облици.
И веќе одамна тоа не сум јас
Тоа е некој што ме глуми
и ужива во досада.
Не мисли колку си љубела
и дека љубовта е се што ти е потребно.
- 10. Разговор без смисол
Било кој и било кој што може да те замени,
но нема љубов која може да те промени.
Сега знам, Скопје е само начин на кој ќе умреме.
И после сите промени, се ќе биде прекрасно,
а јас глуп, како и секогаш.
Јас стварно немам потреба да спијам со тебе.
Таа добро знае дека мразам што сум овде
и дека несакам да пијам повеќе.